Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Intercontinental Shanghai Wonderland Hotel е хотел кој претставува своевидно архитектонско чудо бидејќи е изграден во длабока јама на некогашен рудник. 16 од вкупно 18-те ката колку што имам хотелот се под нивото на земјата, а два се под вода.
„Имам проектирано многу различни типови на згради во Велика Британија, Европа, Дубаи и на други место, но ова е нешто целосно поинакво и стана скоро моето животно дело, поради што можам да речам дека веројатно е најзначајната градба која сум ја проектирал“ – изјави главниот архитект Мартин Јохман, познат по облакодерот Бурџ Ал-Араб во Дубаи.
Реализацијата на проектот е започната во 2006 година, но нејзиното завршување е одложувано неколку пати, најмногу поради техничките барања, како што се строгите прописи во врска со заштитата од земјотреси и одржувањето на нивото на вода.
Официјалниот претставник на УНЕСКО, Мајкл Крофт го оценил хотелот како модел за одржлив развој.
„Можевме да го напуштиме рудникот, но не го направивме тоа. Го претворивме во скапоценост“ – изјавил Су Шитан, потпретседателот на градежната групација Шимао од Хонгконг која го изградила хотелот.
Хотелот е подигнат во Сонгџијанг, во близина на шангајскиот меѓународен аеродром Хонгчијао.
Цената за ноќевање ќе се движи од 530 до 860 долари.