Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога е во прашање сексот ретко може да се чуе дека на посилната половина нешто и пречи. Речиси и да не се зборува за тоа. Сепак, постои нешто, каде сите мажи се едногласни.
Работата на која речиси сите се „алергични“. Не сакаат кога не добиваат внимание и нежност која и ја даваат на својата партнерка.
„И момците уживаат во предиграта. Навистина ништо помалку од жените. Како момче, често ми давале до знаење колку е важно да ја бакнувам жената по вратот, да ја допирам по градите, да и ги масирам нозете и се трудам да ја возбудам. Во потполност се согласувам со тоа, и го прифатив тоа, но никогаш не сум слушнал дека тоа важи и обратно. На мажите исто така им се допаѓаат тие работи. Предиграта го прави сексот повозбудлив и ви нуди повеќе задоволство“, вели еден од незадоволните корисници.
Веќе првиот ден доби преку 1400 гласови, а многумина момци се сложија со тоа.
„Понекогаш предиграта е подобра и поважна од самиот чин на секс. Во секој случај неговиот е важен дел“, напиша друг корисник.
„Некои девојки обожаваат кога ќе им се посветиме, но не им паѓа на памет да возвратат на ист начин“, се сложи едно момче.
„Се согласувам, предиграта е поддеднакво важна за обајцата“, напиша трет.
„Предиграта е најдобра игра“, гласеше уште еден од коментарите.
Така што, жените од сите игри најмногу ја сакаат предиграта. Задоволете го своето момче за да го подобрите заедничкиот однос и со самото тоа поддеднакво да уживате.