Ова ги испаничи научниците: Хорор на океанското дно


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Шокантно откритие е она што ги пречека научниците од Универзитетот во Њукасл при истражувањето на долината Челинџер дип, во Маријанскиот ров, познат како најдлабока точка на Земјата.

Тимот првпат најде пластика во стомаците на морските суштества на дното на океанот, што значи дека повеќе не постои дел на светските океани до кој не допрел човечкиот отпад.

Секое суштество пронајдено на длабочина од 10.890 метри внесло во својот организам извесен вид вештачки материјали вклучувајќи и најлон кеси, ПВЦ и ПВА, пишува Индипендент.

Доктор Алан Џејмисон, професор по морнарска екологија, рече дека резултатите се многу загрижувачки и дека бараат итна акција.

Тимот тестираше 90 видови школки во неколку ултрадлабоки ровови во Тихиот Океан – Маријански ров, Изу-Бонин вулкански ров, ров Перу-Чиле, ров Нови Хебриди и ров Кермадек.

Во секој од нив пронајдени се животни кои изеле некој вид вештачки влакна или пластики – од 50 проценти на Новите Хебриди, до сто проценти во Маријанскиот ров.

Конзерва на 4.947 метри длабочина

„Отпадот кој завршува во океаните достигнува до нивните најдлабоки точки, а еднаш кога ќе потоне на нивното дно, таму и останува. Тоа значи дека количеството пластика во рововите непрекинато се зголемува што е многу загрижувачки. Станува збор за глобални размери“, рече Џејмисон.

Во океаните секоја година завршуваат повеќе од осум милиони тони пластика. Научниците претпоставуваат дека во морињата моментално се наоѓаат околу 300 милиони тони пластичен отпад, а до 2050 година во океаните ќе има повеќе пластика отколку риби.

Според предвидувањата на експертите во водите се наоѓаат приближно 51 билион микропластични честички, тоа е 500 пати повеќе од бројот на ѕвездите во нашата галаксија.

Поради загадувањето моментално загрозени се повеќе од 600 видови во целиот свет, поради што многумина оваа појава ја нарекуваат период на масовен помор на Земјата.