Ова е веќе бизарно: За Реал Мадрид ДО ГРОБ – буквално!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалот е повеќе од игра. Тоа им е јасно и на играчите, и на навивачите, но и на клубовите. Така, и актуелниот првак на Европа, Реал Мадрид води сметка за маркетингот, па на навивачите секојдневно им се достапни сите можни реквизити со грбот на клубот, кои носат голема заработувачка.

Клубот од Мадрид сепак овој пат направи несекојдневен потег.

Ако сте навивач на Реал, а блиску сте до смртта – можете да бидете погребани во ковчег на шпанскиот клуб. Ковчегот е од дрво, а потсетува на стадионот Сантијаго Бернабеу, што на починатиот му гарантира најголема можна удобност.