Ова е трагедија: Барса се откажа од својата света традиција!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во последното коло од шпанската Примера Барселона запиша тешка победа против Леганес, а сензација на „Камп Ноу“ спречи Меси во последните моменти од натпреварот.

Луис Енрике за овој меч се одлучи за следните 11: Андре тер Штеген, Серџи Роберто, Самуел Умтити, Жереми Матије, Лукас Диње, Иван Ракитиќ, Андре Гомеш, Рафиња, Лео Меси, Луис Сиарез и Нејмар.

Дали забележувате нешто чудно во стартниот тим на Барселона:

Имено, во стартните 11 на Барселона имаше само еден Шпанец, а неговото име е Серџи Роберто. Покрај него играа Германец, тројца Французи, Хрват, Португалец, Аргентинец, Уругваец и двајца Бразилци. Не така одамна дресот на каталонскиот гигант го носеа претежно Шпанци.

Просекот беше поправен кога на терен во 80-та минута влегоа тројца Шпанци – Иниеста, Денис Суарез и Жорди Алба.

Потсетуваме, слична ситуација му се случи и на најголемиот ривал на Барселона минатата недела. Во стартниот тим на Реал Мадрид против Наполи имаше само двајца Шпанци, Серхио Рамос и Дани Карвахал.