Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Доколку сакате да го сочувате здравјето на срцето – јадете кајсии. Тие содржат 10 пати повеќе магнезиум од останатите овошја.
Кајсијата е одличен избор за меѓуоброк ако ве мачат, болни коски, сува кожа или само сте на диета.
Извор на витамин А
Кајсиите се преполни со овој витамин познато и како ретинол. Освен што го чува здравјето на очите, помага и во оддржување на имунолошкиот систем и така го чува здравјето на кожата.
Полни се со влакна
Без разлика дали ги јадете суви или свежи, одличен извор на влакна се. Ретинолот од кајсиите се топи во мастите и брзо се разградува во организмот а важните нутриенти лесно се апсорбираат. Влакната ги разградуваат масните киселини и така се грижат за здравјето.
Преполни се со антиоксиданси
Кајсиите се совршен извор на антиоксиданси, а ако ги јадете секојдневно, ќе се решите од токсините собрани во текот на денот.
Го чуваат здравјето на кожата
Комбинацијата на витаминот Ц, А и фитонутриентите од кајсиите гарантира совршена здрава кожа. Дали знаете дека антиоксидансите од ова овошје го успорува процесот на стареење. Ако здравјето не е доволна причина за уживање во кајсиите, можеби лепотата е.
Помага при слабеење
Диетните влакна од ова овошје го подобруваат дигестивниот систем и така предизвикуваат побрза работа на метаболизмот. Ако сте на диета, касијата е одличен избор за меѓуоброк, ве остава сити, а нема многу калории.
Ги засилува коските
Калциумот е потребен за коските да се развијат и останат здрави, а кајсијата го содржи во големи количини. Добро е да се знае дека без доволно калиум, калциумот не се апсорбира добро во организмот, а добрата вест е што кајсииите го имаат во големи количини.