Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
После дебаклот во Париз и поразот од 4:0, кој најверојатно ќе значи испаѓање на Барселона од Лигата на шампиони, извесно е дека ова е последната сезона на Луис Енрике во Барселона.
Играчите му го свртеа грбот, не веруваат дека може да ги извлече од кризата, а шпанските медиуми веќе му пронајдоа наследник. Тоа би требало да биде Хуан Карлос Унзуе, неговиот актуелен помошник.
Станува збор за тренер кого Лео Меси го обожава, а знаеме колку е Аргентинецот влијателен во одлуките на клубот. Веќе неколку месеци одност на Меси и Енрике на минимум, а готово ист третман имаат и останатите тренери во клубот, освен Унзуе.
Станува збор за поранешен голман кој дресот на Барселона го носеше две години, а во кариерата настапуваше и за Осасуна, Тенерифе, Овиедо и Севиља, каде и се прослави. После завршувањето на кариерата веднаш се врати во Барселона како тренер на голманите во ерата на Франк Рајкард.
Остана во клубот и кај Пеп Гвардиола, а потоа во 2010 година доби шанса ја води Нумансија. Потоа Енрике го повика да му биде помошник во Селта, а потоа двајцата во пакет пристигнаа на „Камп Ноу“.
Веќе со месеци се шпекулира дека Унзуе е планот Б на Барселона, доколку Луис Енрике на крајот на сезоната си замине од клубот. Така повторно би се повторил случајот со Гвардиола и Тито Виланова, неговиот помошник кој го наследи на клупата.
И самиот Енрике, наводно, на челниците на клубот им го препорачал Унзуе како најдобра опција, а извештаите од Каталонија говорат дека помошник ќе му биде Роберт Морено, сегашниот тренер на младинскиот тим.