Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Неверојатни информации пренесуваат португалските и италијанските медиуми – Синиша Михајловиќ доби отказ од Спортинг Лисабон после неполни 10 дена.
Михаловиќ седна на клупата на португалскиот гигант и беше желба на претседателот Бруно де Карваљо, но сега дојде до промена на претседателското место.
Токму тоа е и причината за отказот, бидејќи новиот претседател не го сака Михајловиќ, па веќе му врачил отказ.
Михајловиќ потпише договор на три години, со кој требаше да заработи вкупно 6 милиони евра, па Спортинг сега бара начин како да го намали обештетувањето.
Двете страни моментално преговараат околу раскинувањето на договорот, па можно е Србинот да прифати џентлменски договор и да добие само 2 милиони евра, па веднаш да биде слободен да потпише за друг клуб.