Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Истражувањата покажаа дека ако паровите спијат прегрнати, тоа значи дека се во блиска сигурна врска, но таквото спиење позитивно влијае и на здравјето.
Ви претставуваме три здравствени предности од спиењето прегрнати со саканата личност
1. Помага побрзо да заспиете
Дали полесно и побрзо ќе заспиете ако е партнерот покрај вас, а кога сте сами веднаш почнуваат разните мисли да ви се мотаат по главата и вознемирени сте? Ако го делите креветот со личноста која ја сакате, имате тенденција да се опуштите бидејќи ви дава чувство на сигурност. Штом вашето тело ќе се опушти, ќе заспиете за само неколку минути.
2. Ја намалува количината на стрес
Истажувањата покажуваат дека спиењето во двојка го намалува нивото на кортизол во крвта. Исто така, ослободува окситоцин, познат како хормон на љубов, кој го ублажува чувството на анксиозност. Кога нивото на стрес е ниско, се намалува ризикот од развој на болест на срцето, ракот и другите хронични болести.
3. Квалитетен сон
Спиењето покрај партнерот влијае и на квалитетот на спиењето, што значи и дека нема да се разбудите во чудно располоѓжение или да имате главоболка. Наместо тоа, ќе се радувате на денот кој осамнала и ќе бидете полни со позитивна енергија.