Ова е најзгодниот маж за 2018 според магазинот Пипл


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Секоја година магазинот Пипл избира најзгоден маж на светот. Оваа година, титулата ја понесе британскиот актер Идрис Елба.

– Од неговата улога како нарко бос со која се проби во светот на филмот, преку улога во серија, до неговиот ангажман во франшизата на Марвел („Тор“), 46-годишната британска филмска ѕвезда стана и еден од најголемите, и најсекси, холивудски ѕвезди – забележа магазинот „Пипл“ за Елба.


– Кој би помислил?! Ви благодарам, „Пипл“, и на сите обожаватели кои ме прогласија за „Најсекси жив маж“. Почестен сум и благодарен. Но, поважен е вашиот глас на претстојните избори. Вашиот глас прави разлика, напиша Елба под објавата, обраќајќи им се на Американците.

Елба е и музичар, познат како Ди-Џеј Биг Дрилс, а има и своја модна линија.

Инаку Идрис Елба е 33-от маж што бил избран за најсекси од страна на магазинот „Пипл“, придружувајќи се во долгата листа на мажи што ја понеле титулата.
Првата титула му беше доделена на тогаш 29-годишниот Мел Гибсон во 1985 година, а лани за најсекси маж беше прогласен 41-годишниот кантри пејач Блејк Шелтон.