Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Се вика Џонатан и е Сејшелска џиновска желка. Има неверојатни 187 години, родена е во 1832 година на Сејшелите. Од 1882г (на нејзини 50 години) престојува на островот Св. Хелена, познат меѓу другото и по тоа што во него бил затворен и починал Наполеон Бонапарта.
Наречен е Џонатан во 1930г од тогашниот гувернер на британскиот остров Св. Хелена сер Спенсер Дејвис. Тој и денес живее во официјалната резиденција на гувернерот и припаѓа на владата на Света Хелена.
Желката Џонатан во текот на својот живот, ги преживеала двете светски војни, Октомвриската револуција, односно подемот и падот на комунизмот во источниот блок, потоа седум британски монарси и дури 39 американски претседатели. Кога било Илинденското востание имал 71 година, а кога се случило Првото заседание на АСНОМ ја уживал 112 година од животот.