Ја имаме најпопуларната диета и двете кои никако не би требало да ги пробате

најпопуларната диета

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Многу важно е да ги изгубите килограмите на најдобар можен начин, но и да ги избегнете диетите кои се опасни за здравјето.

За време на празниците многу од нас се опуштаат и така се става некој килограм вишок. Јануари за многу е месецот за животни промени, па така многу се одлучуваат за диета. Доколу планирате во скоро време да држите диета, сигурно ќе ве интересира која диета е 8 години по ред најпопуларна.

Америнакси научници објавија попис со најдобрите и најлошите диети кои моментално се нудат, анализирани биле 38 диети.

Многу популарна диета „Деш“, според нивниот избор е осма година по ред најдобра диета на светот. Таа се темели најмногу на овошје, зеленчук, житарици од цело зрно, а ги избегнува црвеното месо, колачите и сокови.

Нутриционистите при правењето на овој список воделе сметка и за тоа колку диетата може лесно да се следи. Како и тоа колку е хранлива, сигурна и ефикасна при губење на килограми. Исто така штити од срцеви болести и дијабетис. Исто така оваа диета може да се применува кај лица кои патат од висок притисок, и го подобрува менталното здравје.

Оваа диета првично настанала како начин на исхрана за лица со висок крвен притисок, и е доста сигурна и ефективна. Предноста на Деш и медитеранската диета се во тоа што тие не се со рестрикции за разлика од многу други диети. Освен тоа, не е тешко да се пратат, а одлично се избалансирани и нудат вкусни работи – меѓу другото и црвено вино.

Кои се најлошо оценети диети?

Од друга страна, кетогената диета т.е кето диетата која ја обожаваат членовите на кланот Кардашијан, и „30 дневната“ диета се високо рестриктивни. Прогасени се за најмалку сигурни и ефикасни.

Кетогената диета е базирана на низок внес на јаглени хидрати и умерено до висок внес на протеини и масти. 30 – дневната диета пак, ги елиминира вреност на шеќер, алкохол, житарици, соја и млечни производи во период од еден месец.

Научниците предупредуваат дека овие рестриктивни диети нудат брз губиток на килограми, но и донесуваат голема опасност од повторно враќање на килограмите.