Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Видеото со наслов „Rewind“ кое е пресек од најпопуларните трендови и содржини на најпознатата видео платформа YouTube за 2018 година, истовремено стана и најомразено видео во историјата на платформата со над 13 милиони „дислајкови“.
Со оваа негативна статистика, тоа го надмина и видеото од Џастин Бибер за песната „Baby“ кое има 10 милиони „дислајкови“.
Видеото „Rewind“ е критикувано од креаторите на содржини и од самите гледачи затоа што ги става во пред план рекламите, a не се ставени некои од најголемите јутјуб-случувања од оваа година.