
Оваа јакна се врати во модните вести во 2013 година, кога Gucci одлучи да ја истакне нејзината елеганција и практичност.
Под поимот „враќање“ јасно подразбираме дека не станува збор за јакна што првпат се појавува, туку за парче кое има долга историја. Поточно, таа се појави за време на Втората светска војна, кога беше наменета исклучиво за пилотите од воздухопловството. Сепак, од нејзиниот кам-бек во 2013 година до денес, не престанува да го окупира модниот свет, а скоро секоја сезона силно е присутна на листата трендови. Станува збор за бомбер јакната, која заслужува да биде прва во вашата пролетна гардероба.
Поточно, бомбер јакните што денес ги познаваме се ажурирана верзија на јакните што ги носеа пилотите, а сега се карактеризираат како еден од лидерите на уличниот стил. Во сезоната есен/зима, споменатата јакна беше на едно од врвните места, бидејќи беше присутна во колекциите на Versace, Givenchy, Dior, Raf Simons, Khaite, Etro и Isabel Marant. Нејзината позиција очигледно не е случајна, бидејќи станува збор за исклучително практично парче што може да се прилагоди на дневен и ноќен изглед, додека со техниката на слоевитост лесно може да се заштитите од разни временски услови.
Но, доколку се прашувате кој е првиот моден додаток што вреди да го додадете во вашата пролетна гардероба, тогаш бомбер јакната е одговорот. Во колекциите на брендовите ќе најдете различни верзии, како во нијанси и дезени, така и во материјали, така што можете да го изберете идеалниот модел за вашиот стил. Позитивната страна на овој тип јакна е тоа што совршено се комбинира со панталони, но и со здолништа или фустани, што значи дека нема да ви биде тешко да ја стилизирате.
Ако ви треба повеќе инспирација, погледнете ја нашата галерија со фотографии и откријте како модните љубители носат бомбер јакни.