Ова е најлудиот сопственик на клуб: Го избркал тренерот после еден час, а се сменил и самиот себе!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Глеј Тамплин е најлудиот сопственик на еден фудбалски клуб. На Островот е и тоа како познат и со право го носи тој епитет.

Тамплин почнал да заработува пари така што основал компланија за производство на челик во својот двор, а подоцна изградил и фрабрика.

Во моментите кога почнал одлично да заработува тој се заљубил во фудбалот и го купува седмолигашот Билерикај Таун, инвестирал околу 2 милиони фунти во инфраструктура.

Потоа сам себе се назначил за тренер и интересно го довел тимот до првото коло од ФА Купот, за прв пат во историјата. Но, после три порази во низа се сменил самиот себе, а после два дена се предомислил.

Се закани дека ќе го продаде клубот после извештаите дека шмрка кокаин во клупското ВЦ на полувреме, а често доаѓа во судир со законот и навивачите.

Вчера овој човек повторно беше на насловните страни на Островот, го ангажираше Стив Ват за тренер, го претстави пред играчите и му даде отказ само еден час покасно, кога открил дека новиот тренер во минатото имал лоши изјави за клубот.

Тамплин има и добра страна, им дал 50.000 фунти на семејство чии седногодишен син боледува од церебрална парализа, а вработил и двајца бездомници кои ги сретнал на пат.