Ова е најлошото нешто што може да го направите при болки во грбот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Болките во грбот се честа појава, а особено се неспецифичните болки во долниот дел од грбот. Ги предизвикува стресот, недостатокот на вежбање, напнатоста на мускулите или психолошките проблеми.

Кога ќе се појават болките во грбот, понекогаш единствено што ќе посакате е да останете во креветот. Лекарите, меѓутоа велат дека тоа е најлошо што можете себеси да си го направите.

Лежењето обично ги засилува болките во грбот, наведува германското друштво за ортопедија и трауматологија. Затоа наместо лежење, потребно е одење.

Лушето кои патат од болки во грбот им се препорачува било каков облик на физичка активност, велат експертите. Умерено вежбање ги подмачкува зглобовите, ја зголемува активноста на грбот и ги засилува мускулите.

Лекарите не препорачуваат масажа и акупунктура, но таквите третмани можат да користат како дополнување на физичката активност.

Ако болките се толку силни да го оттежнуваат движењето или оневозможувањето нормално држење на ‘рбетот, таблетите против болки можат привремено да го олеснат.

Во случај болките во грбот да не престанат, треба да се обратите на лекар специјалист за да утврди што е причината и дали се работи за некој сериозен проблем, како фрактура или пролапс на дискот.