Ова е најголемата грешка што ја правиме при внес на протеински оброци


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Знаете дека доволната количина на протеин во исхраната е многу важна, но знаете ли дека и времето кога ги конзумирате е битно?

Претеините со сигурност се една од главните компоненти на здрава исхрана. Но многумина ги конзумираат повеќе од што е препорачано. Како на пример, жените од 20-30 години конзумираат просечно 75 грама протеин на ден, додека пак препорачано е 46 грама.

Факторите за погрешно конзумираање се енергетските плочки, палео -диетите и слично. Нашиот организам не функционира на начин, да изедеме цело пиле и потоа да ги користиме протеините постепено во текот на денот. Генерално гледано, телото може да прими 20-30 грама на неколку часа. А сето останато оди во маснотии.

Во идеален случај протеините би требало да се распределат во текот на целиот ден, а целта би требало да биде 20-30 грама во текот на секој оброк, и 10 грама меѓу оброците. Секако овде главна улога има да се прилагодите на вашето тело. Не им е потребно на сите иста количина, па според активноста и градбата треба да одредите колку ви е потребно. Секако тука игра улога и животниот стил, затоа испитајте колку треба да внесите.