Ова е најбрзото такси возило на светот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Британската такси компанија „Хандсом Кебс“ од Линколн, во својот возен парк го внесе „Ламборџини Хуракан“.

Клиентите можат да порачаат „Хуракан“ за „обични” патувања, но и за посебни прилики, како што се матури, венчавки и деловни патувања.

– Помисливме дека „Хуракан“ ќе биде нешто целосно поинакво во оваа работа. Идејата ја добивме пред една година и направивме се да ја оствариме. Сметаме дека овој автомобил ќе ни овозможи да се истакнеме. Главно ќе се користи за матури и бизнисмени, соопшти такси компанијата.

Секако, Хуракан“ има само две места, а тоа значи дека само еден патник може да седи крај возачот. Автомобилот ќе почне да се користи за шест месеци.