Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Хороскопските препораки и совети не треба да ги сфаќате сериозно, а за сите индикации обратете кај некој кој има познавања.
Некои се трудат тоа да го сокријат, но некои и не сакаат.
Овен
Гласен и силен Овен често ја сокрива својата емотивност. Оттука доаѓа потребата на другите да им го наметнат своето мислење, претставувајќи се себеси како предводник. Себичноста и тврдоглавоста исто така преовладуваат кај луѓето родени во овој знак, па на многумина и тоа како им одат по нерви. Ако сакате да бидете блиски со Овен, ќе морате сето тоа да го прифатите.
Лав
Лавовите се другото име за егоцентричност и замисленост, па за себе со целото свое битие мислат дека се кралеви во „џунглата“. Тие едноставно се обожаваат себеси, горди се со својата сила, а благодарение на харизмата која не може да им се оспори, Лавовите се популарни во друштвото. Бараат големо внимание, па во расправиите секогаш мораат да излезат како победници поради што се „тешки“.
Бик
Биковите се многу упорни, но и тврдоглави. Тие така мораат да ги бранат своите ставови и да им го покажат на сите своето знаење. Иако го имаат, тоа често на другите им изгледа како наметнување, па Биковите знаат на останатите луѓе да им одат по нерви.
Јарец
Ако Јарецот е во некого заљубен, тогаш тоа е во самиот себеси. Секој негов потег е исправен, па еден Јарец нема да се откаже од своето мислење или идеи додека не ги наметнат на останатите. Дури и кога гледа дека згрешил, нема тоа да го признае туку ќе презентира дека сите останати околу него погрешиле.