Ова е брутално: Погледнете што спрема Катар за Мундијалот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Катарските власти трошат 500 милиони долари дневно за да ги завршат сите планирани проекти до потечтокот на Светското фудбалско првенство кое во 2022 година ќе се одржи во таа земја.

Светското во Катар, кое поради опасно високите температури во текот на летото ќе се одржи по исклучок во ноември и декември, ќе биде најскапото организирано некогаш. Се очекува трошоците да надминат 200 милијарди долари до почетокот на Мундијалот.

„Трошиме по 500 милиони долари неделно и така ќе биде се додека не ги завршиме сите работи. Вкупните трошоци ќе изнесуваат околу 200 милијарди долари. Не сакаме да се доведеме во ситуација сеуште да ги уредуваме стадионите, а првенството веќе да биде почнато“, изјави катарскиот министер Ал Емади.

„Овие пари не се трошат само за стадиони. Тие одат за инфраструктурата на земјата – зборуваме за автопати, железнички пруги, аеродроми, па дури и болници. Не треба сепак да се гледа на овие пари единствено како трошоци за светското, бидејќи инвестираме во инфаструктура“, додаде Ал Емади.

За потребите на Светското првенство Катар гради 10 стадиони, од кои седум ќе бидат комплетно нови, а три ќе бидат реконструирани и реновинари.

Минатата година Катар забележа буџетски дефицит од 12 милијарди долари, што се случи за прв пат по 15 години. Буџетот за 2017 година беше донесен со дефицит од 7.7 милијарди.