„Ова чупе, не е чупе“ – каква тајна крие оваа сцена од култната комедија „Сам дома“?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога наближуваат новогодишните празници, сите оние кои растеле со култната семејна божиќна комедија „Сам дома“ сигурно се потсетуваат на ова симпатично и мега-популарно филмче, па можеби некои и си го прегледуваат одново.

Кога станува збор за првиот (оригинален) дел од „Сам дома“, веројатно се сеќaвате на сцената кога малиот Кевин откако остана потполно сам дома, почна да пребарува по работите на својот постар брат Баз. Во еден момент наоѓа фотографија од девојката од Баз, прави гримаса и вели: „Баз, твојата девојка! Фуј!”

Магазинот NME открива дека продуцентите на филмот биле решени да го избегнат момент кога било која девојка чија фотографија ќе биде искористена за таа сцена, да биде изложена на исмејување и понижување па смислиле генијално решение.

„Многу е непријатно на некоја девојка да и се даде улога во која смешно ќе изгледа. Сценографот имал син кој повеќе од се сакал да волонтира во таа улога. Да знаел дека тоа ќе биде една од најпрофитабилните фамилијарни комедии на сите времиња може ќе се предомислеше, се присетува Девин Ритреј, кој го филмот го глумеше Баз.