Ова „чудо“ е кандидат за најгрд автомобил на саемот во Женева


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Ако дизајнот ви е на листата на приоритети далеку пониско од перформансите, тогаш овој автомобил и не е така лош.

Името му е S1, а дизајнот и производството се потпишани од Sin Cars. Зад исклучително чудниот дизајн се крие тркачки автомобил кој смее да се вози и во јавен сообраќај, па авторите го опишуваат како „револуционер тркачки автомобил кој смее и по патишта“. Реално, кај овој автомобил, едноставно речено – формата е во служба на функционалноста.

Евентуално заинтересираните купувачи од страна на избор имаат сè на располагање – од мотор и погон, па до каросериска изведба и уредување на ентериерот.

Во поглед на погонот, овој Ѕ1 нуди електрична изведба со електромотор од не така моќни 89 kW (120 коњски сили) и батерии со капацитет од 48 kWh и автономија до 400 километри.

Многу поинтересна е хибридната „plug-in“ верзија која, покрај споменатиот електромотор, има и 2.0 турбо бензински мотор од 255 коњски сили. Со батерија од 24 kWh на струја вози околу 200 километри, а за перформансите најдобро говори податокот дека батерискиот сет тежи 220 килограми.

Класичната изведба е најбрутална. Купувачот бира помеѓу 2.3 „турбаш“ и 3.5 бензинец, а на располагање има 310 коњски сили и 434 Nm обртен момент, односно 365 коњски сили и 570 Nm обртен момент. Првата верзија до 100-ка развива за 2,8 секунди, а втората верзија за 2,5 секунди, со што овој автомобил се вбројува во најбрзите изложени на саемот во Женева. Почетната цена на верзиите од овој автомобил е нешто под 50.000 евра.

Истата компанија нуди и доста сериозен болид R1 способен да вози над 300 км/час, а цената почнува од 1790.000 евра.