Отворила Боркица, Никола бил излезен – кога Груевски ќе го прими решението за во затвор?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вечерва, во два наврати, судскиот курир кој бил задолжен да му го врачи лично на Никола Груевски решението за издржување на затворската казна, не го нашол дома бившиот премиер.

Првиот пат вратата ја отворила сопругата Боркица и рекла дека Груевски е излезен, објави ТВ Алсат М и додаде дека курирот вечерва пак ќе се обиде да го врачи решението.

Најверојатно ќе се чека понеделник, кога Груевски треба да се јави на рочиште за случајот „Титаник“ за да му биде доставено решението за издржување на затворската казна.

Веднаш штом ќе го добие, Никола Груевски ќе мора да се пријави на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.

Во меѓувреме, пред капијата на затворот Шутка бившиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ го чекаа голем број фоторепортери, сниматели и новинари.