Home Вебкафе Отворени 40 работни места – кој е за работа на Северниот и Јужниот пол?

Отворени 40 работни места – кој е за работа на Северниот и Јужниот пол?

Научниот институт „Пол-Емиле Виктор“ распиша конкурс за 40 работни места распоредени во 6 бази на Арктикот и Антарктикот. За конкурентност во распишаниот оглас потребно е да знаете француски јазик, а меѓу струките кои се бараат се и хемичари, столари, пекари и слаткари.

„Научниците секогаш ни се јавуваат, но нам многу ни фалат механичари и други занаетчии“, вели еден од секторските директори во Институтот „Андре ле Марек“. Тој би сакал во нивните поларни бази да има повеќе жени. Сега се само 6 од вкупно 30 луѓе.

Потенцијалните кандидати треба да поминат и ригорозен здравствен преглед. Мора да бидат телесно подготвени за таков вид мисија, а и психолошки подготвени за живот во мали групи на изолирани подрачја во услови кои понекогаш можат да бидат екстремни.

На пример, во базата „Конкордија“ на Антарктикот во зима температурите можат да паднат и до минус 80 Целзиусови степени. На огласот за работа стои: „Во зима нема враќање во татковината“.

„Конкордија“ е една од трите постојани научни бази во внатрешноста на Антарктикот. Но, не во сите бази температурите се екстремни, во некои налето може да се работи и по маица.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Шест години без Карл Лагерфелд: Најпознатите цитати на модниот гениј

“`html Карл Лагерфелд беше уникатен во секој аспект од својот живот Неповторлив, дух…