Отворен тестаментот од Есма Реџепова: Сиот имот го остава на…


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Вчера се отвори тестаментот на Есма Реџепова Теодосиевска, во кое јасно и гласно стои дека сиот имот ѝ го подарува на државата, изјави за Програмата Гласот на народот на Радио Слободна Македонија, Зорана Костовска, најблискиот соработник на Есма Реџепова Теодосиевска.

Костовска вели дека Кралицата на Ромската музика постојано велела дека парите ги направила од концерти, а за концертите народот купувал карти, така што таа сакала сè да остави на својот народ.

„Таа го исполни своето ветување. Есма многу ја сакаше Македонија и Македонија ја сакаше Есма. Никогаш каде и да одевме низ светот Македонија не ја изоставуваше од своите изјави, интервјуа. Во срцето ја носеше македонската песна, душа и мисла. Знаеше да каже дека е горда на својата Македонија. Затоа Есма сиот свој имот ѝ го подари на Македонија“ – вели Костовска.