Отворен највисокиот хотел на светот, погодувате – повторно во Дубаи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога станува збор за висински рекорди во инженерски потфати и архитектонски градби, емиратот Дубаи тешко може да најде „противник“ во поставувањето и рушењето на тие рекорди.

Таму беше отворен највисокиот хотел на светот кој има висина од 356 метри. Хотелот „Гевора“ во големата Авенија на Шеикот Зајед, за еден метар е повисок од претходно највисокиот хотел во истата улица.

Тој претходен хотел – рекордер, висок 355 метри, од ланецот „Мериот“ и самиот го урна рекордот во височина, кој го држеше друг хотел во тој квар. Тоа е хотелот „Роуз Рајхан“ од ланецот „Ротанa“, висок „само“ 333 метри.

Најновиот хотел „Гевора“ е кула со златна боја со 75 катови. Има четири ресторани, базен, луксузен спа центар и гимнастичка сала. Првите гости пристигнуваат утре.

Дубаи има и највисока кула на светот, „Бурџ Халифа“ од 838 метри. Властите започнаа со изградба на нова, уште повисока кула, чија висина ја чуваат во тајност, за да не ги претекне конкуренцијата.