Отворен мистериозниот египетски саркофаг – ништо од гробот на Александар Македонски


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


30-тони тешкиот саркофаг кој беше откриен во историскиот град Александрија и најголемиот било кога откриен во Каиро, веднаш ги разгоре шпекулации во локалните, но и во светските медиуми, дека би можело да станува збор вечното почивалиште на војсководецот Александар Велики.

Меѓутоа, египетски археолози со нивното вчерашно соопштение ги згаснаа надежите дека конечно е откриен култниот гроб на големиот светски војсководец и освојувач. Тие известија дека во откриениот саркофаг, сепак, не се наоѓаат остатоци од Александар Македонски, заклучувајќи дека станува збор за мумии од тројца членови на „обично семејство“.

Градежните работници, минатиот месец случајно открија околу 2.000 години стар саркофаг од црн гранит, на градилиште на станбена зграда, во историскиот средоземен град Александрија.

Саркофагот тежок 30 тони е најголем кој некогаш е откриен во овој град, па тамошните граѓани шпекулираа дека веројатно станува збор за последното почивалиште на Александар Македонски, кој во 331 година пред новата ера го основаше овој град, кој до ден денеска го носи неговото име.

Египетското министерство за антиквитети, веднаш објави дека се мали шансите за тие приказни да бидат вистинити, а вчера дефинитивно ги отфрлија.

„Откривме скелети од тројца луѓе и се чини дека станува збор за семејна гробница. За жал, мумиите не се во најдобра состојба и од нив се останати само коски“, рече Мустафа Вазири, главен секретар на министерството.

Гробот на Александар Македонски, кој почина во 332 година пред новата ера во Вавилон, и понатаму останува мистерија.