Отворен изборниот штаб на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Северна Македонија на опозициската ВМРО-ДПМНЕ со нивната коалиција, го отвори својот изборен штаб за предизборната кампања за претседателските избори.

Оттаму порача дека посакува скромна кампања и не се чувствувала пријатно кога се гледа по билборди.

„Факт е дека парализирана ни е демократијата. Јас гледам некои од луѓето кои се најзаслужни зошто јас влегов во сето ова. Нив им верувам и никогаш нема да го заборавам нивното влијание на мене. Стотици страници сум напишала за проблемите на македонската демократија и без процедура нема демократија. Јас им верувам на студентите и јас ве заразувам со критичко мислење. Затоа сакам да сум кактус. Велам дека ќе се држам до правото и правдата, и за еден професор по уставно право тоа е најважно. Јас сум модерна жена и повеќе би сакала скромна кампања. Искрено, не се чувствувам пријатно по билборди. Сепак, го почитувам членството, јас сум нов човек меѓу тие луѓе. Помнат дека сум ги критикувала, но отворената врата многу зборува“, рече Силјановска на денешното отворање на штабот.