Отворањето на уставот и официјално е услов за почеток на преговорите со ЕУ – Владата ќе ги иницира уставните измени


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Македонската Влада ќе биде таа што ќе иницира уставни измени кои и официјално се услов за комплетирање на воведната фаза, и отворање на првите поглавја од преговорите, потврди вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Останува неизвесно кога точно ќе почне процедурата за внесување на Бугарите и останати заедници во Преамбулата, но според Маричиќ, тоа нема да биде пред летните одмори, а мора да заврши најдоцна до крајот на скринингот. Владата, како што кажа, ќе работи да се создаде атмосфера за разумен политички дијалог во Собранието и со сите општетсвени фактори и експерти, наместо тензии како досега, за да се дојде до потребното двотретинско мнозинство.

-Ние сè уште немаме утврден календар за уставни измени, но тоа е обврска која треба да ја завршиме најдоцна до крајот на скринингот. Внимателно ќе ги разгледаме околностите, атмосферата, дијалогот во Собранието. Целта е да завршат успешно…. Секако ќе биде по летните одмори. Тогаш ќе можеме да говориме за точен календар, изјави Маричиќ.

Процесот на скринингот, кој денеска го објаснуваше вицепремиерот, официјално почнува во септември, а треба да заврши до ноември следната година година, согласно временската рамка од ЕК. Тој ги претстави шесте кластери на преговарачки поглавја и појасни за секоја од нив какви се нашите обврски и начинот за нивно усвојување.

-Скринигот се состои од две фази. Објаснувачки скриниг каде Европската комисија на државата кандидати и ги презентира клучните правни акти за секое поглавје и билатерален скриниг каде земјата кандидат го презентира степенот на усогласеност на националното законодавство согласно со презентираните акти на ЕУ за време на претходната фаза, но исто така и институционалните капацитети и спроведувањето на законите – истакна Маричиќ.

Во однос на дилемите кои се појавија во јавноста откако на официјалната веб-страница на Европскиот совет во две засебни соопштенија за меѓувладините конференции, помеѓу Албанија и Македонија со ЕУ стои дека Албанија „ги отпочнала пристапните преговори“, додека за Македонија дека ја „почнала отворачката фаза за пристапни преговори“, Маричиќ не гледа ништо спорно. Вели разликите се јасни со оглед на тоа што ние имаме условена втора меѓувладина конференција со уставни измени, додека за Албанија немаше ваков услов. Сепак, скринингот и целиот процес, вели почнува истовремено и за Скопје и за Тирана.