Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Хоуп Хикс (28), која важи за блиска соработничка на претседателот на САД Доналд Трамп, е именувана за директорка за комуникации на Белата куќа.
Хикс, поранешна манекенка, ја извршуваше функцијата на привремена директорка од 12 август, по заминувањето на нејзиниот претходник Ентони Скарамучи.
Пред доаѓањето во Белата куќа, Хикс работела како советник на ќерката на Трамп – Иванка, а беше и портпарол на кампањата на Трамп, што беше прва нејзина работа во политиката.