Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Отпушок од цигара на поранешниот британски премиер Винстон Черчил, што тој го фрлил за време на патувањето во Париз во 1947 година и го зел полицаец, може да биде продаден на аукција за 1.200 фунти, објави британската аукциска куќа „Белманс“.
Предметот ќе биде понуден на аукција што ќе се одржи од 25 до 28 мај, а аукциската куќа нуди и пар сатенски влечки кои некогаш и припаѓале на кралицата Викторија, пишува Индипендент.
Направени во средината на 19 век, кралските влечки се украсени со рачно изработени златни нишки и одат „под чекан“ по скоро 202 години од раѓањето на кралицата.
Белманс очекува влечките да достигнат цена од 3.000 фунти.
Џулијан Динин, експерт од Белманс, вели дека „во моментов има голем интерес за сувенири поврзани со важни историски личности“.
„Се сомневаме дека во домаќинството на кралицата Викторија биле нарачани повеќе од еден пар сатенски влечки ,затоа што се многу „деликатни“ и веројатно не се носени премногу пати“.
Динин вели дека кралицата Викторија ги донирала влечките на Хариет Сатерленд-Левесон-Гауер, војвотката од Сатерленд, која и била дама што и помагала во изборот на облека и обувки.
Нејзината внука Лејди Флоренс се омажила за Хенри Чаплин, првиот Висконт на Чаплин, а влечките останале во семејството до нивната прва продажба во 2000 година.
Сепак, вели Динин, понеобична ставка што може да се понуди на аукцијата е отпушокот од цигарата на Сер Винстон Черчил.
Дедото на сегашниот сопственик, Артур Черч, бил полицаец во Скотланд Јард во 40-тите години на минатиот век. Додека бил на должност во придружбата на Черчил, Черч го зел фрлениот отпушок од цигара што бил отфрлен пред него на парискиот аеродром „Ле Бурже“ од Черчил сите овие децении го чувал.