Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Отпаднала врата од нигерискиот авион одма после слетувањето во Абуџа. Тоа предизвикало паника меѓу патниците, пишува Би-Би-Си.
Авионот бил на пистата кога вратата се отворила. А управата на компанијата го обвинува еден патник, тврдејќи дека намерно ја отворил вратата. Меѓутоа сведоците го изјавуваат спротивното.
„Никој не ја допираше вратата, таа во текот на летот се ресеше, и делуваше дека не е доволно прицврстена. Кога слетавме се слушна мала експлозија и сите бевме уплашени“, истакнува еден од патниците.
Тој наведува дека од кабината барале патниците да не фотографираат ниту да снимаат, и тврделе дека некој од патниците намерно ја отворил вратата. Во ицидентот не бил повреден.