Oton Glass: Паметни очила кои текстот го конвертираат во звук


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Паметните очила Oton Glass се иновација на јапонска компанија која го развива овој револуционерен технолошки производ првенствено наменет за да им помогне на оние со визуелни нарушувања или со проблеми во разбирањето полесно да читаат напишан текст.

Oton Glass го конвертираат текстот во аудио сигнал користејќи две камери и слушалки кои се сместени во нивната рамка.

Половина од сочивото е огледало кое во едната камера го рефлектира она што корисникот го гледа, со што се следи движењето на окото. Таа камера може да детектира трепкање, додека втората го снима текстот, а очилата се користат така што корисникот гледа во текстот кој што има потешкотии да го прочита и трепка за да ги активира.

Во нив е вграден Raspberry Pi преку кој зборовите се испраќаат во „облакот“ каде се процесираат и се конвертираат во звук т.е говор кој корисникот го слуша преку слушалките. Доколку компјутерскиот систем не е способен да ги идентификува или конвертира зборовите, нивните слики се испраќаат на личност која ги дешифрира.

Главниот дизајнер на Oton Glass почнал да работи на нив во 2012 за да му помогне на татко му кој имал дислексија.

Моментално за нив има кампања на Campfire (кинеска верзија на Kickstarter) каде што чинат околу $50.