Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Откако започна жетвата на пченицата, стигнаа и првите откупни цени на оваа земјоделска култура.
Првата цена што се нуди од мелничарите е 9 денари за еден килограм. Оваа информација предизвика големо незадоволство кај земјоделците, па новиот министер за земјоделство се обиде дѐ ја смири ситуацијата и вети откупна цена и повеќе од 10 денари.
„Цената зависи од квалитетот на пченицата. Кога зборуваме за цена од нива, на таа цена се додаваат транспортните трошоци и данокот. Се покажува дека цената е подобра од минатата година. Сепак, зависи од квалитетот и договорните услови и видот на производство. Оние со поголеми количини се во подобра позиција да преговараат за повисока цена, додека малите земјоделци, бидејќи имаат проблем со складирањето, принудени се да ја продаваат веднаш, и по пониска цена“, изјави вчера министерот Трајан Димковски.
Заради пониските приноси кај нас, но и во регионот, земјоделците очекуваат фер откупни цени од најмалку 12 до 13 денари за килограм за пченицата.
Земјоделците очекуваат и државата да се вклучи со откуп за стоковите резерви во време на жетва и по цени кои ќе помогнат да се зголемат откупните цени и кај мелничарите.
На потег е Министерството за земјоделство, велат земјоделците.