Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што информираат од ресорното министерство на тутунопроизводителите досега им се исплатени над 5 милијарди денари, а рок за завршување на откупот е 15-ти март.
Во годинешната реколта се засеани 14.802 хектари со тутун, а склучени се 34.104 договори со 9 откупни претпријатија.
Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пријавија 23.430 издадени евидентни листови.
Споредено со реколтата 2017, за новото производство на тутун се издадени 57 евидентни листови повеќе од лани, а се склучени над 4.700 повеќе догвори.
Анализите велат дека годинава има и зголемување на засадените површини со тутун, и тоа за 387 хектари.