Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откриени се седум планети со големина слична на Земјата кои кружат околу едно сонце и на кои има поволни услови за живот, објавија вчера од НАСА.
Научниците велат дека на сите седум е можно да има вода во течна состојба, што е еден од предусловите за барање живот, но во зависност од подеталните карактеристики на планетите.
Три од овие седум планети се во зоната каде што е можно да има живот. Планетите вртат околу ѕвездата наречена Трапист 1, која што претставува мала, ладна ѕвезда на 40 светлосни години од нас.
Откриени се со помош на Спицер Спејс Телексопот на НАСА и неколку други опсерватории на Земјата.
Михаел Гилон, од белгискиот Универзитет во Лиж вели дека планетите се блиску една до друга и блиску до ѕвездата, слично како месечините околу Јупитер.
„Сепак, ѕвездата е мала и ладна, па се очекува температурата на планетите да е умерена, што е предуслов за постоење на течна вода и можеби живот“ изјави тој.
Трите планети кои се наоѓаат во тоа што по дефиниција е зона со можност за живот, се со температура слична на Земјата и доколку атмосферскиот притисок е на потребното ниво, можно е да има вода слично како и на Земјата.
Гилон смета дека ова е најголемиот број на планети слични на Земјата откриени во една зона.