Открија лажен ѕид во подрумот – погледнете што најдоа зад него


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јан Сатерленд и неговата девојка Алекса Ли останаа изненадени кога во својот нов дом открија лажен ѕид во подрумот, а зад него најдоа залихи со алкохолни пијалоци за кои веруваат дека потекнуваат од времето на прохибицијата.

Јан и Алекса од Конектикат се преселија во Масачусетс, а во својата нова куќа во Квинси пронајдоа неколку десецити испрашени стаклени шишиња и глинени врчви со алкохол.

Лажниот ѕид го најдоа градежните работници за време на реновирањето на куќата. Некои од 56-те шишиња уште содржат течност, за која Јан верува дека е пиво и жесток алкохол, но која сега има кисел мирис.

Директорот на Историското друштво во Квинси вели дека уште е прерано за да се каже колку долго шишињата биле скриени таму.

Квинси го забрани алкохолот во 1880 година, а куќата е изградена во 1910 година.