Откриено зошто пропаднал трансферот на Погба!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Англиските медиуми открија зошто Пол Погба морал да остане во Манчестер Јунајтед ова лето и како главен „виновник“ го посочуваат „Адидас“.

Погба беше поврзуван со трансфер во редовите на Реал Мадрид, каде ќе имаше прилика да соработува со Зинедин Зидан, но на крајот до тоа не дојде. Некои медиуми за неуспехот го обвинија Јунајтед поради високо поставената цена, но изгледа уште еден “играч“ имал важна улога во останувањето на Погба во Јунајтед.

Се работи за компанијата Адидас. Французинот е еден од заштитните лица, а моментално е во третата година од договорот со компанијата за спортска опрема.

Англиските медиуми пренесуваат дека луѓе од Адидас интервенирале за Французинот да остане на „Олд Трафорд“, а причината за тоа е поголемата комерцијална вредност која ја имаат во Премиер лигата, отколку во Ла Лига.

Јунајтед не успеа да обезбеди друга суперѕвезда, која ќе можеше да го замени Погба, па поради тоа Французинот мора да остане барем до наредното лето.