Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Машкиот грип е поим кој се опишува со тоа што момците претерано „кукаат“ кога имаат грип, но докажано е дека тој феномен всушност е вистинит. Истражувањата покажуваат дека момците имаат послаб имунитет за разлика од порано, а новата студија покажува дека кога имаат грип, момците закрепнуваат побрзо од жените, и затоа постои научна причина.
Истражувачите од Школата за јавно здравје, „Џонс Хопкингс Блумберг“ одлучија истражат бројни ефекти кои грипот ги има кај мажите и жените.
Студијата покажа дека грипот ги погодува многу повеќе жените отколку мажите, но причината за тоа се уште не е позната.
Тимот спроведе експеримент така што инфицираше живи глувци и човечки келии со доза Х1 Н1. Станува збор за свински грип, кој меѓу 2009. и 2010. година усмрти повеќе од 18.000 ширум светот.
Експертите открија дека келиите на глувците и луѓето произведуваат повеќе амфирегулин кога се заразени. Амфурегулинот е фактор на раст кој има важна улога во регенирацијата на ткивото и развојот.
Зголеменото производство на амфирегулинот кај глувците и човечките келии допринесува за побрзо закрепнување од грипот, велат експертите.
„Новото откритие е дека кај жените ткивото побавно се регенерира поради помалото производство на амфирегулин“, вели авторката Сабра Клајн.
Професорката Клајн верува дека идните лекови за грип би требало да бидат насочени на тоа да го зголемат амфирегулинот кај жените.
Како и да е, експертите открија дека има можна врска помеѓу амфирегулинот и брзото закрепнување од грип, но тоа дополнително треба да се утвтди затоа што мажите произведуваат повеќе такви антитела од жените. Една од можните причини е поголемото ниво на тестостерон кај момците.
Во текот на ескпериментот, експертите утврдија дека и тестостернот има важна улога и да ги заштити сите од сериозни симптоми на грип.