Спорт

Откриено зошто Лампард го избрка Давид Луиз

Многумина ги изненади трансферот на Давид Луиз во последниот ден од преодниот рок, кој се пресели во Арсенал за сума од 10 милиони евра.

Англиските медиуми откриваат што се случило меѓу тренерот на Челзи, Франк Лампард и Луиз. Тие се скарале по пријателскиот меч против Салцбург, кој „сините“ го добија со 5-3.

Новиот тренер го критикувал Луиз поради катастрофалниот настап против Салцбург, па уште тогаш било јасно дека Бразилецот нема иднина во Челзи.

Навивачите во почетокот беа лути на Бразилецот, но после верашниот негов настап на „Енфилд“ веројатно се „среќни“ што замина.

И самиот Луиз неодамна изјави дека одлучил да замине затоа што не се согласува со идеите на Лампард.

Advertisements
To Top