Advertisements
Спорт

ОТКРИЕНО: Зидан сакал да замине од Реал уште во февруари!

Шпанските медиуми оторија инетерсни детали на релација Зидан – Реал Мадрид, според кои „кралевите“ не требаше да бидат изненадени кога Французинот реши да си замине на крајот на сезоната.

Тогаш претседателот Флорентино Перез изјави дека одлуката на Зидан е голем шок за сите, бидејќи никој не очекувал тој да си замине од клубот.

Меѓутоа, мадридскиот весник „Марка“ во денешниот број тврди дека Зидан сакал да го напушти „кралскиот“ клуб уште во февруари. Тоа се случило после шокантната елиминација од Леганес во Купот на кралот.

Тогаш Зидан му соопштил на Флорентино Перез и извшниот директор Хосе Анхел Санчез дека не се чувствува доволно убеден да остане на клупата на Реал Мадрид.

Меѓутоа раководството го убедило да не си дава оставка, па Зизу продолжи да го води тимот и на крајот ја освои Лигата на шамиони.

Сепак, само неколку дена после големиот успех Французинот ја соопшти одлуката и го напушти Реал Мадрид.

Advertisements
To Top