Откриено: Роналдо можел да заврши во Барса за само 17 милиони!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта откри дека Каталонците можеле да го донесат Кристиано Роналдо за 17 милиони евра, кога Португалецот имал 18 години.

Меѓутоа каталонскиот клуб не ја искористил златната можност и Реал го направи Португалецот најскапиот фудбалер во светот со привлекувањето од Манчестер Јунајтед за 94 милиони евра во 2009 година.

„Кога јас и моите луѓе ја презедовме контролата над клубот, ние привлековме играчи како Кварезма, Маркез и Роналдињо. Бевме во еден преоден период. Ни го предлагаа Роналдо, кој тогаш беше во Спортинг Лисабон, но беше блиску до трансфер во Јунајтед. Агентите на Рафа и Рикардо ми рекоа дека има уште еден многу интересен играч, алудирајќи на Кристиано“, изјави Лапорта.

„Му кажавме дека знаеме за него и тој ни го предложи за два милиони евра помалку отколку на крајот што плати Јунајтед. Процениме сепак да не го земаме. Потоа тој пристигна на Олд Трафорд а 19 милиони“, додаде Лапорта.