Откриено: Овие фудбалери му спремија отказ на Анчелоти


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Карло Анчелоти вчера и официјално доби отказ од Баерн Минхен, а во медиумите веќе почнаа да се откриваат вистинските причини за неговата смена.

Имено, претеседателот Ули Хенес вчера потврди дека пет ѕвезди од тимот се свртеле против тренерот, а медумите денес открија за кои фудбалери станува збор.

Со оглед на имињата и важноста на фудбалерите јасно е дека Баерн немал друг избор и дека едноставно не можел да си дозволи такор „раскол“ во соблекувалната.

Побуната наводно ја предводел Левандовски кој е незадоволен со стилот на игра на Баерн. Бил против доведување на Хамес и Толисо и смета дека тимот не игра атрактивен фудбал под палката на Анчелоти.

Томас Милер исто така бил против Анчелоти бидејќи го загуби местото во тимот, а минатата сезона беше најлоша во неговата кариера. Рибери и Хумелс ја платија цената на слабите игри и беа преселени на клупата со што јасно го кренале својот глас против Италијанецот, а Арјен Робен се придружил на оваа група и не застанал во одбрана на тренерот.

Недостасува и Лам во соблекувалната, тој беше вистински лидер, па многумина сметаат дека „расколот“ почнал со неговото повлекување. Сепак, главна причина за отказот на Анчелоти се споменатите 5 фудбалери.