Откриено кој е хрватскиот „Господин Совршен“ кој ќе бара девојка преку ТВ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Оваа есен во Хрватска почнува да се емитува реалното шоу кое се прикажува во повеќе од 30 земји – „The Bachelor“, кое во хрватската верзија се вика „Gospodin Savršeni“.

Типот кој, во рамки на првото издание на ова реално шоу кај нашите средно блиски соседи, ќе бара девојка на телевизија е бившиот кошаркар Горан Јуренец. Типот има 38 години, а со непрофесионално манекенство почнал да се занимава кога имал 27 години. Дотогаш имал успешна кошаркарска кариера во германската кошаркарска Бундеслига.

A post shared by Goran Jurenec (@goran.jurenec) on

Роден е во Берлин, каде и пораснал, но секое лето редовно ги посетувал хрватските летни атрактивни дестинации како далмациската Биоград на Мору.

Има работено за голем број модни брендови како Hugo Boss, Tommy Hilfiger и Reebok.

A post shared by Goran Jurenec (@goran.jurenec) on

A post shared by Goran Jurenec (@goran.jurenec) on

Реалното шоу „The Bachelot“ веќе 16 години се прикажува ширум цел свет – од САД, преку Канада, Бразил, Германија и Франција, па сè до Кина, Јапонија, Австралија и пошироко. Досега се снимени над 1.000 епизоди и 130 сезони, бројки кои доволно говорат за популарноста на возбудливото љубовно патување на кое „совршениот ерген“ трага по својата поубава половина.

A post shared by Goran Jurenec (@goran.jurenec) on