Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во спотот за песната „Smooth Criminal“ од 1987 година, кралот на поп музиката, Мајкл Џексон, изведе танцово движење кое биомеханички не е возможно, а неврохирурзите детално опишаа како можел да го направи тоа.
Џексон направи движење во кое се наведнува под агол од 45 степени и тоа од глуждови, а сето време телото го држи сосема право, без никаде да го свие. Оваа „илузија“ многумина неуспешно пробале да ја изведат, а експертите предупредуваат дека овој потег во никој случај не треба да пробувате да го изведете за да избегнете евентуални повреди.
„Поголем број тренирани танчери кои имаат добра сила во предниот дел од телото можат да се наведнат максимум 20 до 30 степени кон напред. Мајкл Џексон тоа успеа да го направи под агол од 45 степени и со тоа изведе нешто неверојатно“, изјави Мањул Трипати кој работеше на истражувањето.
Неврохирурзите сега открија како Џеко успеа да го изведе ова движење благодарение на посебно дизајнирани чевли, но и на својата сила.
„Дополнителна флексибилност му овозможи засекот во форма на V на дното од петата кај обувките, бидејќи неговите чевли имаа посебен дел кој го држи цврсто на земјата и му овозможија да се наведне напред, поради тежината која пркоси на гравитацијата“, објаснуваат.
Пред да пронајде такви обувки, Мајкл Џексон овој потег го изведуваше со помош на јажиња и каиши кои беа изврзани околу неговата половина. Експертите нагласуваат дека, без оглед на помагалото кое го имал, за овој потег е потребна голема сила во мускулите од половината и екстремитетите.