Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Запечатени садови со вино и маслиново масло цели 1.800 години останале на дното од Медитеранот, со што станале вистинско непроценливо богатство кое сега го открија нуркачите во едни од најзачуваните остатоци од римски бродови од тој период, пренесува Russia Today.
Во видеото кое е објавено на интернет се гледаат бродските остатоци и неговите артефакти, како и комплексната раобта која ја завршиле нуркачите со цел истите да ги извадат неоштетени од морското дно на површината.
„Овие остатоци се едни од најзачуваните во целиот Медитеран, а потекнуваат од Римското царство“, соопштија од Министерството за култура на Мајорка.
Малиот товарен брод веројатно потонал во близина на брегот на Мајорка некаде околу 3. век, а пловел од југот на Иберија, која денес е дел од модерна Шпанија, кон Рим. Научниците кои трупот од бродот веруваат дека тој останал целосно зачуван и неоштетен бидејќи бродот брзо потонал и целосно се наполнил со вода. Доколку се случело да го зафати бура, трупот од бродот ќе бил уништен и искршените остатоци ќе биле целосно разнесени низ морските води.
Во бродот се пронајдени 93 совршено зачувани земјени запечатени садови кои биле полни со вино, маслиново масло и гарум, рибин сос кој е сличен на денешниот кечап. Токму гарумот бил еден од најпопуларните сосови кој се правел од ферментирани рибни внатрешни органи. Се додавал во многу јадења, а се произведувал во Шпанија и се извезувал во Рим и други делови од царството.