Откриени остатоци од прашума стара 90 милиони години на длабочина од 30 метри под морското дно


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Остатоци и траги од  четнари и папрати на длабочина од 30 метри под морското дно во близина на западниот Антарктик беа откриени од страна на научниците, кои тврдат дека овие остатоци од прашума се стари 90 милиони години.

Прашумите во умерените подрачја растеле таму за време на геолошкиот период креда во времето на диносаурусите, објави германскиот Институт Алфред Вегенер (АВИ).

Резултатите од студијата се објавени во магазинот Нејчр. „Бевме изненадени од тоа откритие“, кажа шефот на истражувањето и геолог на АВИ Јохан Клагес.

Според резултатите на истражувањето просечната годишна температура на Антарктикот била околу 12 Целзиусови степени во тоа време.

„Тоа потврдува дека на Антарктикот немало мраз“, вели Клагес. Досега тоа само се претпоставуваше.

„Знаевме само дека тоа период бил еден од најтоплите, но немавме докази од областа во близина на Јужниот пол“.

За време на експедицијата во 2017 година геолози ископале примероци од седиментите од крајбрежниот регион на западен Антарктик. Со компјутерска томографија го прикажале густиот коренски систем. Научниците успеале да ги идентификуваат клеточните структури на дрво, полен и спори на васкуларни билки и траги од цветни видови.

Како во таа област, во која има четиримесечни поларни ноќи, можеле да растат прашуми, на почетокот ги збунувало научниците. Анализите подоцна покажале дека концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата била многу повисока отколку што се претпоставувало.

„Студијата покажува висок потенцијал на гасот јаглерод диоксид како извор на енергијата и разладувачките капацитети на денешните ледени плочи“, вели Клагес.

Научниците сѐ уште се обидуваат да ги најдат причините поради кои климата подоцна се оладила.