Вебкафе

Откриени две скриени страници во дневникот на Ана Франк – еве што пишува на нив

Користејќи нови техники за дигитална обработка на фотографии, експертите успеаја да ги прочитаат двете страници од фамозниот дневник на Ана Франк и дојдоа до изненадувачко откритие.

На страниците биле испишани непристојни шеги и објаснувања за сексот и проституцијата. Девојчето овие две страници од својот дневник ги прекрило со кафеава заштитна хартија, пренесува ВВС.

„Ќе ја искористам оваа страница за да напишам непристојни шеги“, напишала малата Ана на 28 септември, 1942 година и испишала четири такви шеги.

Освен тоа, пишувала и за сексуалното образование, а ги споменала и проститутките наведувајќи дека за нив чула од својот татко.

Ана Франк пишува за сексуалноста на еден невин, мил начин. Таа, како и сите адолесценти, била радознала кога станува збор за оваа тема“, изјави Роналд Леополд, директор на Музејот на Ана Франк во Амстердам.

Од фондацијата „Ана Франк“ наведоа дека Ана и во други делови од дневникот пишувала за сексот и дека често запишувала шеги кои ги слушала од други, но дека тоа не ја менува нашата слика за познатото девојче.

„Таа е светски симбол на холокаустот. Девојчето Ана избледело во сета таа приказна, а овие страници повторно ја ставаат токму неа како девојче во прв план“, соопштија од фондацијата.

Ана Франк го пишувала својот познат дневник за време на двегодишното криење од нацистите во тајна просторија во куќата во Амстердам. Починала од тифус во логорот Берген-Белсен.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top