Откриени два нови трупа во Помпеја – господар и слуга кои загинале во ерупцијата на Везув пред скоро 2.000 години


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Археолозите открие целосно зачувани остатоци од две лица кои загинале за време на вулканската ерупција на Везув која го уништила античкиот римски град Помпеја пред речиси 2.000 години.

Едниот од двајцата загинати мажи кои беа откриени веројатно припаѓал на повисокиот сталеж од тоа време, а другиот бил негов слуга, велат официјалните лица од архолошкиот локалитет Помпеја.

Тие „веројатно барале засолниште“ од ерупцијата „кога биле збришани од страна на ударниот бран“, вели директорот на локалитетот Масимо Осана.

Според археолозите, богатиот жител на Помпеја, чие тело беше откриено, бил на возраст помеѓу 30 и 40 години кога загинал. Другиот човек, неговиот слуга, бил на возраст помеѓу 18 и 23 години во времето на загинувањето.

Помпеја беше уништен од вулканската ерупција на Везув во 79 година од нашата ера. Ерупцијата буквално го затрупа Помпеја со пепел, заедно со неговите жители. Археолозите, подоцна, овој локалитет го открија како непроценлива историско-археолошка ризница со перфектно зачувани остатоци од градот и животот во него од времето кога бил уништен.

„Загинале од термален шок, што може да се заклучи и од нивните згрчени раце и нозе“, вели Осана во извештајот. Тој ова откритие го опишува како „неверојатно и исклучително исведоштво“ за утрото кога се случила фаталната ерупција на Везув.