Откриени детали од убиството на претседателот на Црвена Звезда!Пред две години му го спасил живот на неговиот убиец


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во седиштето на Автомото сојузот на Србија (АМСС) во Белград беше ликвидиран претседателот на ракометниот клуб Црвена Звезда, Мирко Бутулија, откако генералниот секретар Предраг Ѓурѓев испали шест куршуми кон него, а потоа решил да се застрела себеси.

По вчерашниот ужас сега медиумите во Србија откриваат детали, а причината за убиството била навистина банална.

Според официјалните информации Ѓурѓев околу 14 часот се нашол во жестока караница со еден од вработените во сојузот. Бутулија се замешал во одбрана на вработениот по што генералниот секретар почнал да пука со пиштол кон него испукувајќи шест куршуми во градите и главата на Бутулија. На крајот Ѓурѓев и се самоубил.

„Немој Пеџа… Што правиш, Пеџа… Полека“, биле последните зборови кои се слушнале од канцеларијата на претседателот Бутулија, воедно и татко на четири малолетни деца.

Секретарот имал караница со еден од директорите, па по вербалниот конфликт, Предраг решил да го извади пиштолот и да пука, иако Бутулија сакал само да ги смири страстите.

Сведоците велат дека разговорот зад затворени врати траел четири-пет минути, а луѓето кои работат во АМСС веднаш притрчале во помош и се обиделе да му помогнат на Бутулија, кој во тие моменти давал знаци на живот.

Претходно, откако слушнала пукотници во канцеларијата се упатила и секретарката на Бутулија. Но, кога го видела Ѓурѓев вооружан во паника скокнала од прозорецот на канцеларијата која се наоѓала на првиот кат од зградата, притоа здобивајќи се само со полесни повреди.

Српските медиуми откриваат дека пред две години, Бутулија му го спасил животот на човекот кој сега го уби.

„Бевме на ручек на сплав, a Ѓурџев стоеше на една даска која одненадеж се скрши и тој падна во водата. Не знаеше да плива и почна да бара помош. Бутулија скокна во водата без размислување и го спаси“, открил заеднички пријател за „Блиц“, кој сакал да остане анонимен.